Проектирање осветление во домот: Размислувајте навреме!

За осветлението треба да размислувате навреме, пред да почнете да се занимавате со боите и со тапетите со кои ќе ги декорирате ѕидовите или со подните облоги што ќе му дадат топлина на вашиот животен простор.

Во овој текст се занимававме со осветлувањето во различни простории за да ви покажеме дека тоа многу придонесува за создавање попријатен и поздрав амбиент.

Порано во просториите имаше само еден извор на светлина (најчесто лустер на средината на таванот), меѓутоа денес, во ерата на новите технологии, сигурно е дека ќе посакате различни амбиенти во својот дом.

Имено, ако зборуваме за кујната, за приготвување храна ви е потребен еден тип на осветление, за јадење во трпезаријата друг, за пријатен разговор во дневната соба е доволно придушено светло, а за гледање телевизија најдобро решение е дискретно осветление.

КУЈНА

Зошто да се почне од кујната? Топлиот семеен дом ја става кујната во средиштето на случувањата. Во оваа просторија се приготвува храна и се собираат сите членови на семејството.

Во секоја кујна, колку и да е голема или мала, е потребно одлично осветление. Кај работната масичка, мијалникот и шпоретот, значи на местата каде што се одвива приготвувањето на храната, е неопходно директно осветление за да бидете сигурни дека сечкањето, лупењето, рендањето и готвењето може да се вршат сигурно, без некакви тешкотии.

Најдобро би било осветлението да се монтира така што ќе биде вовлечено во некој кујнски елемент, бидејќи она што е изложено полесно собира маснотии и нечистотија. Во последно време сѐ попопуларно е осветление што е лесно за употреба, кое е и многу едноставно за користење.

При приготвувањето на храната не морате секојпат да ги миете рацете за да го допрете прекинувачот, доволно е да замавнете пред сензорот. Овој тип осветление може да се постави и внатре во фиока и во кујнски елемент – штом ќе отворите, светлото автоматски се вклучува, така што лесно ќе најдете сѐ што барате.

Отворените кујни во чии рамки се наоѓа и трпезаријата и оние што имаат посебен шанк за појадок, бараат соодветно осветление на местата каде што се јаде.

Над масата и островот најдобро е да се постават висечки светлосни тела, кои може да се приспособуваат и поместуваат горе-долу по потреба, а ламби и ѕидни светилки ќе ѝ дадат топол сјај на просторијата. Претежно се препорачуваат топли бели ЛЕД-диоди, кои го прават амбиентот поопуштен.

Прочитајте и: 4 работи во домот што шират лоши енергетски вибрации: Еве зошто постојано сте…

Кај отворените кујни битна е можноста за регулирање на осветлението, бидејќи не можете да бидете добро расположени додека седите во трпезаријата ако од кујната допира јако светло. Дел од решението лежи во контролата на осветлувањето – систем што ни дозволува нагодување на осветлувањето по желба, во зависност од тоа дали чистиме, вечераме или имаме гости.

Креирање план за осветлување во кујната

Вградени или надградени ламби, т.н. даунлајтери, користете само кај работната површина. Меѓутоа, немојте да ја направите класичната грешка и да монтирате цела мрежа такви ламби на таванот, бидејќи така ќе создадете монотон амбиент. Подобро со висулки или со кујнски лустери над островот или шанкот креирајте визуелна бариера помеѓу кујнскиот работен дел и трпезаријата.Вградени или надградени ламби задолжително користете во темните делови од кујната, каде што не допира друга светлина. Најдобро е да комбинирате широкоаголни даунлајтери и такви со тесен агол на осветлување за да го направите просторот подинамичен.

При употребата на широкоаголни вградени или надградени ламби (за општо осветлување), имајте на ум дека со една ламба можете да осветлите околу 1,5-2 м². Ваквите ламби не се неопходни во близината на аспиратор или фрижидер, бидејќи овие апарати веќе имаат интегрирано светло. Со осветление под елементите се креира најдобро работно осветлување, бидејќи на него не влијае нашата сенка, која паѓа баш на работната плоча.

Денес речиси секоја полуксузно опремена кујна задолжително има поставено осветление над елементите.

Наша препорака е, секако, најново ЛЕД-осветление со помалку вати, бидејќи дава повеќе светлина, штеди пари и не се загрева како класичното или халогеното осветлување. За приготвување храна е битно да се намалат сите загревања што се вишок.

Во кујната е битна и атмосферата. Бидете креативни при поставувањето на амбиенталното осветлување – на пр., со поставување ЛЕД-светилка под кујнскиот остров ќе креирате илузија дека кујнските елементи лебдат.

Ако вашата кујна или трпезарија е мала, можете да го зголемете чувството за простор со помош на рефлектори насочени кон орманите и ѕидовите. Во случај да сте се одлучиле за шинско осветлување, внимавајте рефлекторите да бидат насочени така што никому нема да му блескаат директно в очи.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.