СИНЏИРЕСТА РЕАКЦИЈА: Повеќе влакна, здрави бели дробови

Следува објаснување...

Добрите навики можат да имаат домино-ефект. На пример, тоа што јадете овесна каша за појадок можеби ви помага и полесно да дишете! Се прашувате како? Следува објаснување…

ПОВЕЌЕ ВЛАКНА Здрави непца

Најновите истражувања укажуваат дека лицата што јадат помалку од 12 г влакна на ден се поподложни на болести на непцата од оние што консумираат 24 г или повеќе. Житарките како што се овес и киноа се корисни затоа што ги намалуваат хроничните воспалителни процеси во устата, кои се главни причинители на болестите на непцето.

Прочитајте и: Прочистете ги цревата од тешката храна: Најдобрите начини да се ослободите од…

ЗДРАВИ НЕПЦА Здрави бели дробови

Лицата што не одат редовно на стоматолог се 86% под поголем ризик од воспаление на белите дробови од оние што одат барем двапати годишно, покажаа резултатите од истражувањето на Американското здружение за борба против заразни болести.

Имено, доколку ги вдишете бактериите што се собрале во вашата уста, може да предизвикате воспаление на белите дробови, но, за среќа, детална орална хигиена помага да се ослободиме од микроскопските агресори.

Прочитајте и: Зошто ми е безвкусна храната?

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.