Нови правила во „врските“: Недефинирани, сложени, конфузни машко-женски односи

Ги протолкувавме за вас!

Недефинирани, сложени, конфузни машко-женски односи се сè почеста појава кај милениумската генерација. Постои цела низа на поими кои точно ги опишуваат сите варијанти на односите, а ние ви ги откриваме нивните значења…

Ќе се согласите дека никогаш немало повеќе проблеми во машко-женските односи од денес. Некогаш едноставно се знаеше: повик за танц значел заинтересираност на долги патеки, подарен цвет означувал длабока почит, испраќање до сите врати – пожртвуваност и лојалност, а водењето љубов во повеќето случаи завршувало со брак.

Кога и што точно тргна наопаку, никој не знае. Ни останува само да ги толкуваме поимите и на тој начин да ги решаваме „гатанките“ меѓу половите.

GHOSTING

Сигурно се сеќавате на сцената од култната серија „Сексот и градот“ во која Бургер ѝ раскинува на Кери преку порака на ливче залепено на фрижидерот – „Извини, не можам…“.

Иако во тоа време мислевме дека е „невозможна“ ситуација и бујна фантазија на сценаристите, денес речиси и нема човек на кој не му се случило тоа. Урбаниот речник вели дека ghosting претставува ненадејно прекинување на секаква комуникација, заминување на партнерот без објаснување.

Овој феномен е специфичен по тоа што не можете да го предвидите, бидејќи доаѓа ненајавено и затоа тешко се прифаќа. Раскинувањата се сложени и тешки сами по себе, особено ако едната страна сака да остане во тој однос, но и тоа е подобро одошто несоочување со ситуацијата.

Психолозите тврдат дека ghosting има најтешки последици врз личноста што е оставена, но во голема мера влијае и врз оној што раскинува – може да предизвика анксиозност затоа што на сите ни е јасно дека ваквото однесување е кукавичко.

Прочитајте и: Љубовни врски што не ја дочекаа пролетта: 5 раскинувања што го обележија почетокот…

SITUATIONSHIP

Поимот situationship го користиме кога станува збор за однос што е меѓу пријателство и романтична врска. Оваа ситуација е сложена и нема точно дефиниран тек на развојот, а иднината ѝ е неизвесна (може да заврши со вистинска врска, но не е нужно!).

Ја дефинираме како однос во кој пријателството е на прво место, но сепак е малку повеќе од тоа, но многу помалку од љубов. Дали сте во тајва врска ќе препознаете ако објективно ги согледате заедничките активности.

Ако најголем дел од времето го поминувате во станот, ги немате запознаено неговите пријатели, на важните настани одите соло, немате заеднички фотки, комуницирате исклучиво преку пораки, не разговарате за иднината, не се гледате со други потенцијални партнери, а притоа не знаете да го дефинирате вашиот однос – сето тоа укажува дека сте заглавиле во situationship.

Ваквиот однос може да трае со месеци, па дури и со години, сè додека едната страна побара нешто повеќе (или помалку!). Се разбира, може да премине и во љубов, но потребен е голем труд.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.