Љубовни врски што не ја дочекаа пролетта: 5 раскинувања што го обележија почетокот на 2019 година

Крах на љубовта!

Некои врски дефинитивно се готови, додека за некои можеби има спас

Само што започна 2019 година, а за некои парови таа беше пресудна. Додека скандалот околу Клои Кардашијан и Тристан Томпсон не стивнува, се присетивме кој уште од славните парови ја заврши својата врска…

Џиџи Хадид и Зејн Малик

Оваа двојка по смирувањето минатата година, повторно раскина на почетокот на јануари. Причината за тоа биле приватните проблеми на Зејн, поради кои Џиџи се чувствувала исцрпено и занемарено, па одлучиле повторно да се разделат. Сепак, Џиџи била видена како излегува од станот на Зејн и по раскинувањето, така што можеби манекенката и пејачот само одлучиле да направат пауза.

Адријана Лима и Метин Хара

https://www.instagram.com/p/BpPv4t6A4_y/?utm_source=ig_embed

Поранешната манекенка на Victoria’s Secret ја прекинала врската со турскиот писател Метин Хара, која траела 18 месеци. Парот ја чуваше врската во приватност, а не е позната ни причината за раскинувањето.

Бри Ларсон и Алекс Гринвалд

Овој холивудски пар во јануари ја прекина тригодишната свршувачка. Сепак, парот останал близок и по раскинувањето, а причината за раскинатата свршувачка не е позната.

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон

И наградата за најдраматичното раскинување оди во рацете на: Клои и Тристан! По бурната врска, Клои одлучила да ја прекине врската со таткото на својата ќерка Тру, откако дознала дека ја изневерил со најдобрата пријателка на сестра и’ Кајли – Џордин Вудс.

Лејди Гага и Кристијан Карино

Пејачката пред неколку дена ја раскинала свршувачката со нејзиниот агент Кристијан. Извор близок на парот изјавил дека не постои никаква драматична приказна зад нивното раскинување, туку дека едноставно не им било судено.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.