Кариера во странство: Изберете која земја е најдобра за вас

Дознавме од прва рака

Во нашата земја, за жал, често наш иден најдобар деловен чекор е преселба во друга земја. Ако сте на пат да донесете таква одлука, да разгледаме која земја е најдобра за вас

Сè додека пред три години не ја испратив сестра ми на пат кон својот нов живот во Грција, синтагмите како што се „одлив на мозоци“ и „заминување во белиот свет“ за мене беа далечни и туѓи. Тој и следниот ден постојано си повторував – како ќе се снајде, дали ќе биде среќна.

Одговорот на тоа прашање го добив од неа, кога ми кажа:

Знаеш, мислам дека се пронајдов себеси. Сега знам зошто живеам и што правам.“

И тогаш сфатив дека нејзиното заминување беше среќна околност, дека животот, очигледно, за неа имал поинакви планови, кои не беа врзани за нашата земја. Веројатно не е мал бројот на оние што не ја пронаоѓаат среќата по напуштањето на родната земја, но можностите и шансите постојат за да бидат искористени.

Истраживме како е најлесно да се најде работа и со која факултетска диплома, како и какви се условите на живот и на работа во четири земји, во кои во последно време заминуваат голем број наши луѓе.

Еве што ве чека доколку посакате кариера или живот во Германија, Исланд, Обединети Арапски Емирати и во САД.

Германија: Ред, работа и сепак… емоции

Немања Андреиќ, психотерапевт

Германија и „гастарбајтерите“ уште во 1970-тите години беа прва асоцијација при спомнувањето работа во странство. Следна асоцијација е „новата емиграција“ – нашите лекари во Германија. Статистиката покажува дека токму во Германија во областа на медицината секоја година се отвораат најголем број работни места.

Кога истраживме малку подлабоко, дознавме дека во Германија има голема потреба од ветеринари, електричари, водоинсталатери, инженери и од програмери, како и од лица во угостителството и за нега на стари луѓе и на деца. Најдобро би било пред заминување во Германија да најдете фирма  што ќе ве вработи (преку агенциите за вработување или порталите како што е jobboerse.arbeitsagentur.de), а потоа следува добивање потврда  од работодавецот за склучен работен договор, која е потребна за добивање работна виза.

На ред доаѓа аплицирање за сина картичка, која се добива во надлежната канцеларија за странци во Германија. За да добиете дозвола за престој, мора да имате пасош, да докажете дека имате обезбедено работа со соодветна заработувачка или дека некој во Германија го гарантира вашето издржување.

Но правило е дека колку подобро го зборувате јазикот и колку подобри квалификации поседувате, толку полесно ќе влезете во земјата, а шансите за подолготраен престој се поголеми. Висококвалификуваниот кадар не поминува низ истата процедура, затоа што на оние со факултетска диплома не им е потребна дозвола за работа туку само потврда за заработувачката.

Не можете да почнете живот во оваа земја доколку вашето познавање на германскиот јазик не е на степен А1 (за работна дозвола), Б1 (за дејности со средно образование) или Ц1 (за високообразован кадар). Кога станува збор за заработувачката, оние што живеат таму велат дека е доволна за пристоен живот – се разбира, тоа не е исто за секого. Сепак, факт е дека, откако ќе ги пресметате сите трошоци, ви остануваат повеќе пари одошто во Македонија. Информации од прва рака добивме од Немања Андреиќ, психотерапевт, кој две и пол години живее и работи во Берлин.

Една пријателка ми испрати мејл со понуда за работа во нејзината клиника и во рок од еден ден добив работа! Условите за живот се одлични. Не живеам екстравагантно, туку нормално. И, што е најважно, самостојно! Не се согласувам со предрасудите дека Германците се ‘студен народ’. Преку мојата работа имав можност подобро да запознаам голем број луѓе од Германија и со сигурност тврдам дека Германците не се студени, ниту, пак, ксенофобични, туку се мошне друштвени и комуникативни.“

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.