4 работи во домот што шират лоши енергетски вибрации: Еве зошто постојано сте нерасположени и троми!

Обрнете внимание

Дознајте кои работи во домот треба да ги преиспитате и промените, бидејќи влијаат негативно врз вас

Домот може да биде оаза на удобност и опуштање по секојдневниот стрес. Но постојат одредени грешки што несвесно ги правиме, а кои предизвикуваат пад на расположение и ширење негативни вибрации.

Сигурно повеќепати сте биле во ситуација кај некого дома да се чувствувате многу добро и пријатно, а во нечиј стан да имате некое непријатно чувство и едвај да чекате да излезете.

Прочитајте што е причината за тоа:

Свенато цвеќе

Свежите цвеќиња и билки имаат позитивно влијание врз воздухот во просторијата, а и ја прават пожива. Истражувањата покажале дека доколку ставиме цвеќе на празните места во станот, многу брзо ќе дејствуваат така што ќе го намалат стресот. Освен тоа, ќе бидеме посреќни. Меѓутоа, штом цвеќето почне да венее, веднаш фрлете го. Освен чудниот мирис, тажниот изглед негативно влијае врз расположението.

Неред

Нередот исто така влијае лошо врз расположението. Ако во вашиот дом работите се расфрлани на сите страни, тоа изгледа трауматично. Затоа, важно е редовно да ги чистите и средувате просториите во кои поминувате време. Покрај тоа, добро е и да фрлите некои стари работи. Не само што ќе имате повеќе место, туку и ќе се ослободите од непотребниот товар, а сето тоа го поправа расположението.

Погрешна боја на ѕидовите

Боите влијаат врз расположението, а тоа се гледа и при одбирањето на секојдневните модни комбинации. Од друга страна, не можеме толку лесно да ја смениме бојата на ѕидовите. Затоа, треба да обрнете внимание при изборот на вистинската боја во зависност од намената на просторијата.

На пример, жолтата и розовата се одлични за добро расположение во дневната соба, додека за спалната соба треба да одберете сина или зелена. Црвената е генерално „тешка“ боја. Од една страна може да делува како декоративен украс, а од друга страна, многу е доминантна и може да предизвика агресивно расположение. Доколку сепак не сакате да се откажете од бојата на љубовта и радоста, одберете некоја понежна нијанса (кафеаво-црвена или розово-црвена).

Непријатно светло

Светлото може да има неверојатно влијание врз расположението во просторијата. Направете атмосфера, но не смее да биде претемно. Ако во просторијата имате едно послабо светло, нема да се чувствувате пријатно. Подобро е да имате повеќе извори на светлина (столни ламби, стоечки, на ѕид…). На тој начин секогаш ќе имате соодветно светло за различни ситуации.

Дознајте и кои растенија мора да ги има во секој дом!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.