Фустан што ги крие сите недостатоци: Пролетен тренд по кој полудеа блогерките!
Хит-парче
Ќе го обожавате овој пролетен тренд
Замислете си парче гардероба што ги прикрива сите мани и несовршеност, а во кое се чувствувате пријатно. Најдовме токму такво парче, а дизајнерите велат дека ќе биде вистински пролетен хит.
За многу кратко време ги освои срцата на трендсетерките, па може да се види на многу фотографии, а сигурни сме дека и вам ќе ви се допадне. Лелеавите и долги модели со весели дезени ќе ја покорат модната сцена.
https://www.instagram.com/p/B18NJJri0LE/?utm_source=ig_embed
Бохо-фустаните минатата сезона доживеаја големо враќање, па и дамите што секогаш носат фармерките не успеаја да им одолеат.
Во нив секогаш ќе изгледате женствено за многу кратко време, бидејќи нема да губите време на комбинирање. Со интересна чанта и еден моден детаљ, подготвени сте за сите дневни активности.
https://www.instagram.com/p/B9Q5UG1nT3g/?utm_source=ig_embed
Може да се носат во дневни варијанти, но одличен избор се и за вечерно излегување.
https://www.instagram.com/p/B4AKUq-HUkF/?utm_source=ig_embed
Модел погоден за секоја пригода, кој и’ ласка на сечија фигура и истовремено е модерен – дизајнерите не можеле да креираат нешто подобро!
Дали сакате да носите фустани? Што мислите за овој тренд?
Погледнете и кои се најпосакуваните трендови за пролет/лето 2020.