Партнертот избегнува секс со вас: Дознајте зошто!

Решете го проблемот

Основата на сѐ е разговор, што поискрен, а најдобро е проблемите да ги решавате заедно.

На секоја жена ѝ е важно колку нејзиниот партнер ја посакува и што се случува во креветот, бидејќи не е само жената онаа која го избегнува сексот. Постојат многу причини поради кои мажите не сакаат да имаат односи, но не зборуваат за тоа.

 

Ова се пет можни причини поради кои вашиот партнер не е заинтересиран за секс: 

Стрес и премногу работа

Честа причина за одбивање и главен виновник за проблемите во спалната соба е стресот. Тој е убиец на машкото либидо. Се случува партнерот повеќе да размислува за работата, а помалку за вашите сексуални желби, под стрес е и вознемирен. Можеби е најдобро да му дадете време да се опушти и да не барате од него да ви посвети внимание во кревет. Може да му понудите масажа за релаксирање, бидејќи во таквите моменти е потребна блискост помеѓу вас. Партнерот ќе ви биде благодарен на разбирањето.

 

 

Прочитајте и: Мртва спална соба: Што е тоа?

 

Чека вие да го превземете првиот чекор

Жените често се оние кои очекуваат да бидат посакувани. Можеби е време тоа да го промените и да не очекувате вашиот партнер секогаш да биде иницијатор. Нема ништо лошо во тоа жената да го превземе првиот чекор и да понуди секс. Повеќето мажи сонуваат за тоа нивната партнерка да превземе иницијатива, што може да биде возбудливо и за двајцата. Бидете сигурни дека мажот не очекува чуда, нема да ви суди, само сака некој друг вид на возбуда. Бидете отворени, зборувајте за своите потреби директно, почувствувајте го своето тело, побарајте ги ерогените зони на партнерот. Облечете секси долна облека и вашата самодоверба ќе го допре небото и ќе видите колку брзо се појавува расположението и желбата за интимност.

 

 

Има проблеми со предвремена ејакулација

Многу мажи, кога ќе сознаат дека имаат проблем со потенцијата бегаат од проблемот и се затвораат во себе. Се срамат, се плашат од реакцијата на партнерката и не знаат како да постапат кога треба да бидат интимни. Во меѓувреме, може да се фокусирате на тоа како заедно да го продолжите сексуалниот однос. Пред да го пратите вашиот партнер кај доктор, вреди да се потрудите да ги превземете работите во ваши раце.

За предвремената ејакулација може да помогнат Кегеловите вежби. Тие се состојат од држење и испуштање на урина. Мускулите се стегаат пред ејакулацијата, штом ќе се возбуди и на тој начин го одложуваат предвременото ејакулирање. Популарна е техниката старт-стоп. Кога вашиот партнер чувствува дека наскоро ќе ејакулира, одморете се накратко. Кога ќе се смири неговата возбуда, продолжете со сексот.

 

Сѐ е рутина, нема разновидност во сексот

Нормално е во секоја врска со текот на времето паровите да немаат толку чести односи. Морате одново да се борите за себе и да го распалите огнот. Секако, за тоа треба да разговарате. Ако е во прашање рутина и вашиот партнер признае дека му недостасува разновидност во креветот, на тоа мора да работите заедно. Внесете новитети. Можете да пронајдете играчки за себе, да одглумите некоја секс-сцена од филм или да испробате нова секс-поза.

 

 

На партнерот му е намалено либидото

Сте се навикнале да имате односи неколкупати во текот на седмицата, но сега ви е тешко да го убедите на еден однос месечно. Ако на вашиот партнер му е потребно помалку секс од порано, причината можеби е намалено либидо. Намалувањето на потенцијата може да биде предизвикано од многу фактори. Недостатокот на желба за секс често е симптом за дијабетес, хипертензија или депресија. Ако вашиот партнер е постар од 50 години, тоа исто така може да биде поврзано со хормонални пореметувања. Меѓутоа, добро би ви дошол совет од стручњак ако либидото на вашиот партнер опаднало, иако тој не го променил својот начин на живот.

 

6 заблуди за сексот по педесеттата година

 

ФОТО: Getty Images

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.