Тајната на совршената линија на Мадона: Ова е диетата поради која има 48 килограми на 60 години!

Топ-форма

Пејачката открила зошто изгледа толку добро и на овие години

Мадона со години наназад изгледа феноменално, а нејзината вита фигура е сон на многу жени.

Меѓутоа, не било секогаш така. Пред да стане позната, таа се мачела со вишок килограми. Кога почнала да се храни по принципите на макробиотичката исхрана, килограмите почнале да исчезнуваат за рекордно време.

До оваа исхрана се придржува веќе неколку децении и тврди дека се чувствува одлично, а веќе со години има 48 килограми.

Нејзината цел била да има вита линија, а притоа да остане здрава. Пробала многу режими на исхрана, а само овој и’ ги исполнил сите критериуми.

https://www.instagram.com/p/B7qs9TthIXd/?utm_source=ig_embed

Принцип на макробиотичка диета

Суштината на овој принцип на исхрана е во балансирањето. Нешто слично на јин и јанг. Една група намирници припаѓаат во јин групата, а друга во јанг групата. За да функционира се’ како што треба, потребен е баланс.

Млечните производи, овошјето, лебот и рафинираните житарки спаѓаат во кисели намирници кои потешко се варат, па неопходно е да се урамнотежат со алкални намирници во кои спаѓаат зеленчук, нерафинирани житарки, билки, зачини, риба, морски плодови, морски алги.

За да не ви се таложат маснотии, секој ден треба да одржувате баланс меѓу овие групи, односно да и’ дадете предност на свежата, минимално преработена храна и на сезонското овошје и зеленчук. Во овој случај, никогаш нема да имате метаболички нарушувања, чувство на замор и ризик од хронични болести.

Она што е особено важно, а Мадона секогаш се придржува до тоа, е целосно да и’ се посветите на храната. Никогаш не јадете во брзање. Тоа е најголемата замка на секоја диета. Кога само фрлате храна во себе, внесувате многу повеќе калории одошто ви требаат.

Таа има 3 основни оброци и две ужини што се состојат од свежо овошје или зеленчук. За ручек задолжително јаде готвена храна. Речиси никогаш не консумира грицки.

https://www.instagram.com/p/B7TKttahID3/

План на исхрана

Јајцата и газираните пијалаци се потполно забрането. Околу 40% од нејзината исхрана сочинуваат јаглехидрати: зелен зеленчук и житарки, додека 30% се протеини и масти. Замена за месо нашла во морските плодови, бидејќи повеќе и’ годат, иако овој начин на исхрана дозволува употреба на месо што не е премногу масно.

Дозволени видови храна:
  • Ореви
  • Месо
  • Морска риба
  • Ракчиња, школки, риба
  • Соја и други мешунки
  • Кафеав ориз
  • Интегрален леб, овес, просо
  • Сите видови зелка, листест зеленчук и зачински билки
  • Овошје
  • Соја
  • Јогурт
  • Маслиново масло

https://www.instagram.com/p/B6EuN1ZBe03/

Забранети намирници: јајца, шеќер, компир, брза храна, домат, животински масти, кафе, газирани пијалаци, алкохол. Таа не консумира благо, но повремено си дозволува парче темно чоколадо.

Пример за мени:

Појадок – овесна каша, лимонада и 1 портокал

Ручек – салата од свежа зелка со сусам и целер, вегетаријанска супа со зелен зеленчук, ракчиња, парче црн леб

Ужина – сушено овошје, грејпфрут или свежо манго

Вечера – салата од авокадо со зачини и кромид и порција варен ориз

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Ако овој начин на исхрана не е за вас, пробајте ја диетата на Софија Лорен: за 3 дена, 3 килограми помалку без гладување!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.