Кејт Мидлтон и принц Вилијам во посета на Ирска: Војвотката од Кембриџ блеснала во зелен фустан!

Пристигнале

Војводата и војвотката од Кембриџ пристигнале вчера во Даблин

Кејт Мидлтон (38) и принц Вилијам (37) пристигнале во Ирска каде што се состанале со претседателот Мајкл Хигинс и неговата сопруга Сабина.

Војвотката од Кембриџ за оваа пригода блеснала во зелен фустан и капут, додека војводата се одлучил за костим и вратоврска.

https://www.instagram.com/p/B9TnpTVHbek/

На војводата и војвотката од Кембриџ ова им е прва службена посета во странство по Брегзит, а положиле и венец во Градината на спомените, посветена на сите што го дале својот живот за независноста на оваа земја.

„Никогаш да не ги заборавиме лекциите од историјата и заедно да продолжиме да градиме поблескава иднина“, пишувало на венецот.

Додека сите се радувале на нивното доаѓање, Кејт Мидлтон им мавтала на присутните а истото го правел и принц Вилијам.

Инаку, оваа посета на Ирска е првата по речиси десет години, откако тоа го направила и неговата баба кралицата Елизабета и така влегла во историјата, бидејќи тоа била првата посета на таа земја од страна на владејачки британски монарх.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Сакате да се насмеете? Погледнете ја оваа приватна фотографија на Кејт Мидлтон која таа би ја уништила!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.