Мртва спална соба: Што е тоа?

„Период на суша“

Се појави нов термин, со кој американските психолози ги опишуваат врските во кои нема секс со месеци или, ох!, дури со години – Dead bedroom или „мртва спална соба“.

Дури 51% од испитаниците на возраст од 18 до 65 години потврдиле дека во нивната врска постоел „период на суша“, кој траел до една година, додека, пак, 39% изјавиле дека поминале од една до пет години без да водат љубов!

Сепак, што е најважно во оваа студија? Тоа што се откриени причините за незаинтересираноста на двојките за секс.

Фото: Pixabay

На врвот на листата е стресот на работа, додека, пак, дебелината е на второто место.

Меѓутоа, и двата проблема може да се надминат доколку се надмине ставката што, според честотата, заврши на третото место – недостиг од комуникација! Една од пречките е тоа што двојките, многу често, не забележуваат дека им е потребна помош. Или, едноставно, не сакаат да посетат психотерапевт.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.