2 тренда што морате да ги земете предвид оваа зима

Кроеви што лесно се комбинираат

Оваа зима, во фокусот е стилизираната геометрија инспирирана од естетиката на 1970-тите години. Кафените, белите, крем и црните тонови се она што целосно го дефинира стилот на овие дезени, вткаени во лесни материјали со комотни кроеви, кои многу лесно се комбинираат.

Многу модни куќи, следејќи ги овие императиви, си поиграа и креираа фустани со различни ретро-кроеви, кои со задоволство ќе ги носиме оваа сезона.

Дали сте за миди-модел со ѕвонест крој во комбинација со чизми над колена, за струкиран макси-фустан и за марама  со сроден принт или за некоја трета шик-опција – изборот е ваш!

Исто така, чантите што изгледаат како оние во орманот на баба, оние на преклопување со шнола и рачки, се голем хит оваа сезона!

Текст: М. Медичи

Фото: Getty Images, Instagram

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.