Мода феномен: ИНКЛУЗИЈА во модата

Да живее различноста!

На светската модна сцена сè почесто во преден план се модели чија индивидуалност освојува и покрај одредените специфичности – или токму поради нив.

 Модната индустрија станува поразновидна, поинклузивна. Поотворена. Кога ќе ги погледнете моделите на пистите или во маркетиншките кампањи, можеби веќе нема да имате чувство дека ѝ  припаѓаат на една, на некој начин суперчовечка врста, а вие сосема на друга, многу „пообична“.

Прочитајте и: Улична мода: Како се облекуваат девојките со стил?

Можеби ќе помсилите дека сте слични. Според градбата, годините, бојата на кожата, инвалидитетот…

Се разбира, тоа не значи дека модната индустрија не ја чека долг пат до конечно ослободување од товарот на со децении наметнуваните стереотипи. Во кампањите и понатаму доминираат ретуширани слики на идеални лица и тела, на кои тенот е доведен до перфекција, од кој се избришани неправилностите во вид на лузни или бенки, а често се променети и телесните пропорции.

Меѓутоа, во текот на последнава деценија на модните сцени се гледаат оние чија убавина не може да се квалификува според установените шаблони. Тоа се лица чија индивидуалност освојува и покрај одредените специфичности – или токму поради нив.

Тоа се девојки со раскошни тела, како Ешли Греем или Кендис Хафин, кои веќе не се ангажираат само за кампањите plus size туку ги носат моделите од ударните женски колекции.

Со задоволство го гледаме на пистите дамите со специфични обележја, како Вини Харлоу, црномурестата манекенка со витилиго.

Поголем е просторот и за различните раси и култури: статистиките покажуваат над 30% модни кампањи во 2017 беа модели чија боја на кожа не е бела, додека, пак, претходните години тој процент беше значително понизок.

Истата година, насловната страница на познатиот магазин Allure ја красеше лицето на Халима Аден, која носи хиџаб. Шахоли Ајерс, модел со инвалидитет, стана светски позната по кампањата на модната куќа „Нордсторм“, а веќе шест сезони по ред шета по пистите на Модната недела во Њујорк.

Бидејќи задача на модата не е да ја прикрие нашата посебност, туку да ја истакне индивидуалноста. Тоа не смееме да го заборавиме.

ТЕКСТ: ЈАСМИНА УБИПАРИП

ФОТО: GULIVER/GETTY IMAGES

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.