Идеален стајлинг за дами на возраст од 40 години: Актерката за која велат дека не старее е вистинска модна инспирација!

Секој нејзин стајлинг е совршен

Фото: Getty Images

Џесика Алба покажала како се облекуваат дамите на возраст од 40 години

Џесика Алба важи за една од најубавите светски актерки што го негуваат природниот изглед. Веќе има зачекорено во петтата деценија, но нејзиниот стил и изглед го кажуваат сосема спротивното. Со младоликоста и со одличниот моден вкус ги воодушевува дамите ширум светот.

Знае совршено да ги усогласи парчињата облека, но внимава и на исхраната, редовно тренира, па во нејзиниот случај, годините се само неважна бројка. Плени и во опуштени, секојдневни стајлинзи, но и во свечени комбинации што оставаат гламурозен печат.

Прекрасната Џесика Алба ги реди беспрекорните стајлинзи еден по друг, а нејзините улични изданија секогаш се вистинска модна инспирација.

Актерката што се нема многу променето од своите почетоци во Холивуд, нагласува дека тоа што луѓето често велат за неа дека никако не старее, е резултат на напорна работа и дека ништо не се случува само од себе.

„Вежбањето е тоа што ме покренува. Благодарение на вежбањето, мојот мозок е попродуктивен. Како што стареам и откако станав мајка, приоритет ми е да бидам поздрава“, истакнала Алба.

Како изгледа нејзиниот начин на живот?

Вежба два до четири пати неделно.

„Ми треба да се потам. Да го завршам тренингот како штотуку да сум истрчала маратон. Ете толку ми треба вежбањето. Се чувствувам бескорисно ако не се испотам и изморам до крајни граници“, јасно заклучува актерката.

Обожава пилатес

„Благодарение на пилатесот, секој мускул ми се исцрта. Никогаш не ни можев да си замислам дека пилатесот е толку добра вежба. Вежбам со пријателите и многу ми е забавно“, објаснува таа.

Вежбите со висок интензитетот се нешто што Алба со задоволство го практикува.

„Обожавам да се движам, да трчам, да се потам. Сакам да правам клекнувања, а потоа и скокови. Не ми се непознати ниту планинарењето, пливањето и велосипедизмот – знам дека тоа убаво ќе го обликува моето тело“, вели Џесика.

Четири од оброците неделно ѝ се состојат само од растителни намирници

„Четири дена неделно јадам само растителна храна и не пијам алкохол. Петок, сабота и недела се денови кога јадам што сакам“, признава актерката.

Џесика навела дека нејзиното мени содржи и протеински шејкови, а за појадок најчесто јаде авокадо и поширани јајца, додека преку ден грицка свеж зеленчук со хумус или пуканки со хималајска сол. Признала дека не јаде благо и дека се обидува да се заслади само со природни шеќери, како што се овошјето и медот.

Кокосовата вода е нејзиниот омилен пијалак, а од стресот се ослободува со медитација

„Ги обожавам здравствените придобивки што ги нуди кокосовата вода. Не пијам други пијалаци. Пијам кафе, чај и кокосова вода – тоа е тоа. Мислам дека хидратацијата е многу важна“, заклучува оваа убавица.

Стилистот на Џесика Алба и Деми Мур открил важно модно правило за жените по 35-тата година: Сите ја прават истата грешка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време