Проектирање осветление во домот: Размислувајте навреме!

За осветлението треба да размислувате навреме, пред да почнете да се занимавате со боите и со тапетите со кои ќе ги декорирате ѕидовите или со подните облоги што ќе му дадат топлина на вашиот животен простор.

ДНЕВНА СОБА

Во овој повеќенаменски простор во кој се гледа телевизија, се спие, јаде, комуницира или чита, со помош на флексибилни светлечки шеми лесно ќе создадете илузија дека секоја активност има и своја специфична светлосна атмосфера.

Токму во тој дел на станот најмногу ќе дојде до израз нагласено светло – искористите го да истакнете билки, книги, слики или мебел. Но немојте претерано цврсто да се држите до својот план за осветлување и не претерувајте со фиксното осветлување, бидејќи можеби со текот на времето ќе го менувате распоредот на мебелот.

Еве уште неколку совети за што подобро осветлување на вашата дневна соба:

* Искористете декоративни ламби и поставете ги по аглите во собата, на масички и полици. Тие ќе проектираат светлина кон средината на просторијата, создавајќи впечаток на пространост.

* Централното осветлување (лустер) наместете го така што нема да прави преголеми сенки.

* Поставете ѕидни ламби што фрлаат светлина спрема таванот, бидејќи така ќе добиете уште попријатна атмосфера. Но запаметете дека светлината на овие светилки ќе биде во онаа нијанса во која е ѕидот на кој се наоѓа. Овие ламби се добредојдени и покрај делови од мебелот што сигурно нема да ги поместувате (аголна гарнитура и сл.).

* Зад фотелјите или софата поставете подна ламба со зглоб, која можете да ја користите и при читање.

* Немојте да го исклучувате светлото додека гледате телевизија – контрастот помеѓу светлата на екранот и комплетно мрачна соба многу е драстичен, па така и опасен за вашиот вид.

АКЦЕНТИРАЊЕ ОДДЕЛНИ ДЕТАЛИ

Сакате ли да истакнете слика на ѕидот, полица или дел од регалот? Тоа можете да го направите со употреба на ЛЕД-осветлување, кое можете да го поставите на многу места, бидејќи има мали димензии и можни се различни конструкции, а има и можност за регулирање на интензитетот на светлосниот тек.

На пример, ЛЕД-осветлување во дневната соба можете да вградите на регалот зад телевизорот, по должината на полицата што е поставена на ѕид, можете да осветлите одделни слики или фотографии, рабовите на ѕидовите, односно речиси сите места во вашата дневна соба.

Прочитајте и: Кога ги внесувате овие билки во куќата, го внесувате и здравјето: Еве зошто баш…

СПАЛНА СОБА

Во оваа просторија можете да си поиграте со распоредот на осветлението користејќи различни извори на светлина. Задолжително комбинирајте меко светло, со кое полесно ќе потонете во сон, и јако светло, на кое ќе се облекувате.

Најважно светло во спалната соба е она што се наоѓа покрај вашето зглавје – ноќните ламби се многу корисни бидејќи задоволуваат индивидуални потреби. Може да се постават на масички, да се фиксираат на ѕид или да се вградат во зглавјето на креветот – ако почувствувате дека ламбата бара од вас неудобна положба при читање, променете ја нејзината положба.

За оваа просторија препорачуваме употреба на адаптер за главното светлосно тело, за полесно да ја креирате посакуваната атмосфера. Освен тоа, прекинувачот сместете го покрај вратата, но и покрај зглавјето, за да не морате да станувате за да го исклучите светлото.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.