Проектирање осветление во домот: Размислувајте навреме!

За осветлението треба да размислувате навреме, пред да почнете да се занимавате со боите и со тапетите со кои ќе ги декорирате ѕидовите или со подните облоги што ќе му дадат топлина на вашиот животен простор.

ДЕТСКА СОБА

Децата имаат малку поинакви потреби за светло од возрасните. Во нивниот случај, сигурноста е на прво место. Исто така, морате да имате на ум дека распоредот на осветлувањето во детските соби тие ќе го менуваат како што ќе растат.

Имено, во собите што ги користат многу мали деца доволно е да се постават светилки со моќност до 12 вати, кои мора да бидат затскриени зад абажур за да не се изгорат децата.

Наместо декоративни ламби, подобро е да се користат фиксирани на ѕид. И во оваа просторија препорачуваме употреба на адаптер за промена на интензитетот на светлината – така полесно ќе ги подготвите за спиење.

Ако во оваа просторија има компјутер, не дозволувајте им на децата да го користат при исклучено светло.

БАЊА

Од сите простории во домот, бањата бара најфлексибилна светлосна шема. Во одредени моменти овде нам ни е потребно јако светло (при шминкање или бричење), но тоа нема да ни годи ако планираме да уживаме во топла када. Освен тоа, немојте да заборавите дека светлото во оваа просторија мора да биде на сигурни места (прекинувачите за светло задолжително се поставуваат надвор од бањата).

Бидејќи овде има премногу рефлектирачки површини (емајл, огледала, сјајни плочки и сл.), мора да внимавате да не претерате со осветлувањето. Ако веќе постои светлосна шема што не можете да ја менувате, искористете светилки што ќе ви даваат помеки светлосни тонови.

Прочитајте и: Совети за уредување – Претворете го вашиот дом во релаксирано катче кое ќе…

Друго решение е, покрај постојното заднинско светло, над огледалото да поставите флуоресцентна ламба, која се вклучува независно од главното светло. Огледалото можете да го обрабите и со низа помали светилки или ѕидни ламби што ја насочуваат светлината кон таванот.

Секоја ламба ставете ја на самостоен прекинувач за да можете да креирате удобност по сопствена желба – за бричење оставете само светло над огледалото, за бањање искористете матно заднинско светло.

Извор: Home Style

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.