Совети за уредување – Претворете го вашиот дом во релаксирано катче кое ќе претставува вистинска оаза на мир

Дозволете да влезе светлина во просторот

Во секојдневието исполнето со динамичен живот кој создава стрес, стремеж е домот да стане место кое ќе релаксира и ослободува од напнатост.

Создадете простор
Просторот не треба да биде пренатрупан, бидејќи тоа може да предизвика чувство на теснина и анксиозност. Доколку немате многу простор на располагање, употребете техники тој да изгледа визуелно поголем.

Отстранете го нередот
Доколку има во домот расфрлани работи и не е среден, тоа само го поттикнува чувството на хаос и немир и во нашите мисли.

Создадете слободни патеки без препреки
Движењето до било кое место во домот треба да биде непречено и со леснотија. Тоа ќе овозможи во него да се чувствуваме слободни, без разлика во кој дел од него се наоѓаме и која активност сакаме да ја направиме.

Светлина во ентериерот
Дозволете да влезе светлина во просторот, која ќе овозможи просторот да изгледа поголем, но и самиот амбиент ќе биде послободен и релаксирачки.

Внесете природа во домот
Растенијата го прочистуваат воздухот, го намалуваат стресот и делуваат позитивно на еланот на домашните.

Убава фокусна точка
Во центарот на вниманието нека биде некој елемент што побудува кај вас позитивни чувства и расположение.

Поедноставни шеми на бои
Избегнувајте во просторот да има преголем број на бои и мотиви. Ова особено важи за поинтензивни бои, кои создаваат голем контраст и кои ќе допринесат погледот да ќе биде „расфрлан“ насекаде, што ќе ја отежне релаксацијата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.