Нов летен хит: Дали би пробале пица со лимон?

Нови идеи за омилената пица

ФОТО: Shutterstock

За оваа вкусна пица ќе ви требаат само 3 состојки и омилените зачини

Состојки:
  • 400 грама изладено тесто за пица
  • 250 грама моцарела
  • 1 лимон
  • 3 лажички маслиново масло
  • сол
  • бибер
Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 220 степени.

2. Расукајте го тестото со сукало и ставете го на хартија за печење.

3. Исечете ја моцарелата на тенки резанки.

4. Измијте го лимонот, избришете го и исечете го на тенки резанки, па заедно со моцарелата рамномерно распоредете го по тестото.

5. Врз моцарелата и лимонот сипете маслиново масло, сол и бибер.

6. Печете ја пицата околу 20 минути и послужете ја топла.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.