Пилешко капрезе: Одлична идеја за лесен летен ручек!

Вкусна препорака

Лесен ручек готов за половина час

Варијација на тема омилената салата: пилешко капрезе. Пробајте го овој едноставен рецепт за лесен летен ручек што се приготвува за половина час.

Состојки:
  • 4 парчиња пилешко бело месо без коски
  • 190 грама сос песто (една тегличка)
  • 180 грама свежа моцарела, исечена на 12 кругови
  • 4 домати, исечени на кругови
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол и бибер по вкус
  • 2 лажици оцет балзамико
  • свеж босилек, исечкан
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во плех ставете хартија за печење. Белото месо ставете го во плех, ставете по една лажица сос песто на секое парче и протријте го. Одозгора ставете моцарела и кругови домати, прелејте со маслиново масло и додајте сол и бибер по вкус.

Ставете го во рерна и печете додека месото не биде целосно готово, 20 до 22 минути.

За уште подобар вкус, попрскајте го со малку балзамико и украсете го со свеж босилек. Послужете го топло.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.