Нема да ви биде доста од ова предјадење: Сендвич-печиво со густин

Лапни голтни

Вашите домашни ќе ги обожаваат овие сендвич-печива

Состојки:

За тестото:

  • 500 г екстра бело брашно
  • 120 г густин
  • 1 белка
  • 150 мл масло
  • 200 мл млеко
  • 20 г свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1 јајце
  • лен

За полнење:

  • 1 главица зелена салата
  • 300 г урда
  • 300 г колбаси
  • 2 црвени пиперки

Приготвување:

1. Во подлабок сад се соединува млакото млеко со издробениот квасец, лажиче шеќер и екстра бело брашно. Добро се меша и се остава на топло да нарасне квасецот.

2. Во сад се соединува половина од екстра белото брашно со густин и малку сол. Се прави длабнатина во средината, па во неа се додаваат малку изматената белка, квасецот и масло, па  се меша. Постепено се додава остатокот од екстра белото брашно и се меси со рака додека се добие мазно тесто. Се остава додека нарасне.

3. Потоа тестото се сучи со сукало на дебелина од 5 мм. Со тркалезен шаблон за крофни се вадат кругови од тестото, а со помал шаблон се длаби средината.

4. Крукчињата се редат во плех обложен со хартија за печење и се оставаат десетина минути да нараснат. Потоа се премачкуваат со изматено јајце и се посипуваат со лен. Се печат во загреана рерна на 200°Ц, додека поруменат.

5. Печивото се остава да се олади, потоа се сече наполу. Внатрешноста се премачкува со сирењето и се полни со зелена салата, колбас и пиперка.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.