Носталгија и враќање низ времето – Пет работи кои ги имаше во секој југословенски дом
Дали ги имавте и вие во вашиот?
Секое време носи нешто свое на сите полиња, па дури и кога станува збор за предметите кои ги чуваме во домот како најголемо богатство и одраз на статусот или личниот стил. Кога станува збор за уредување на ентериерот и предметите за кујната и домаќинството, денес речиси сe е променето.
На времето, еден дом не можеше ни да се замисли без овие 5 работи:
https://www.instagram.com/p/BnMNmwUADn_/?utm_source=ig_embed
Познатиот зелен креденец
Стоеше на највидното место во кујната или дневната соба и во неговиот стаклен дел се изложуваше најубавиот прибор кој ретко се користеше.
https://www.instagram.com/p/B23RXbZgIxu/?utm_source=ig_embed
Сет садови кои беа забранети за користење
Секоја куќа имаше барем еден сет шолји, чаши или чинии кои се чуваа … за Бог знае што. Тие обично и стоеја недопрени бидејќи секогаш се чуваа за некоја специјална прилика која никогаш не беше доволно специјална.
https://www.instagram.com/p/Bz68zcnALkg/?utm_source=ig_embed
Бокал
Некогаш беше потполно незамисливо да ги послужите гостите со сок од тетрапак или да ја однесете чашата во кујна за да им наполните вода од чешма. На масата секогаш имаше порцелански и керамички бокал со убава, воглавно цветна шара.
https://www.instagram.com/p/BvAHoSpA8Al/?utm_source=ig_embed
Теписи со карактеристичен дезен
Дневната соба, но и другите простории во домот не можеа да се замислат без тепих од еден до друг ѕид, воглавно со црвена или зелена основа и со шари кои денес будат носталгија.
https://www.instagram.com/p/Bj-xT2oHDg0/?utm_source=ig_embed
Кристална вазна
Вазните, украсните корпи и кутиите кои беа или изгледаа како да се изработени од кристал беа најпосакуваниот подарок.