Лепа Брена со нож влегла во куќата на соседите, ова е причината!

Нејзините зборови ја шокираа јавноста

Лепа Брена (59) е омилена во населбата во Белград каде што живее со своето семејство, а овојпат нејзините соседи открија интересни детали кои ја изненадија јавноста.

Како што раскажала една тинејџерка која е инаку прва сосетка на Брена, пејачката и нејзиниот син Виктор во една прилика биле први кои им пружиле помош на нејзиното семејство, мислејќи дека некој сака да им ја обие куќата.

Имаме сјаен однос со Брена. Често доаѓа кај нас на кафе, разговараме, се смееме. Нормална и природна жена. Добра е, се гледа дека не сака сите. Одиме и ние кај неа на слави, прослави, родендени. Си помагаме. Инаку еднаш кај нас се активираше алармот, а таа и Виктор веднаш пристигнале со нож во нашиот двор. Мислеле дека некој сака да ни ја обие куќата. Супер се навистина, рекла девојката.

Како што навеле останатите соседи на семејството Живојиновиќ, не е реткост луѓе да доаѓаат кај нив дома и да бараат помош од пејачката.

Тоа е нормална жена, како и сите. Доаѓаат луѓе редовно за да бараат помош, најчесто и бараат пари. Фина жена е Брена, им помага. Секогаш се јавува кога ќе помине покрај нас, не поздравува, одлична жена и мајка е, заклучиле соседите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.