Кемиш се обидел да и помогне, но останал немоќен: Зорица била целосно скршена од оваа трагедија (фото/видео)

Живот, судбина...

Минатото засекогаш ќе ја повредува…

Дивата на фолк музиката Зорица Брунцлик пред две години прослави половина век од својата кариера, а неодамна доби орден за придонес во музиката од претседателот Александар Вучиќ. Иако зад себе има грст награди, албуми и спектакуларни концерти, на пејачката најмногу и завидуваат на прекрасниот брак со Мирољуб Аранѓеловиќ, виртуоз на хармоника.

Сепак, иако сега е среќна и остварена на сите полиња, минатото сè уште ја прогонува пејачката.

„Со гордост можам да истакнам дека имам три годишно искуство во кафеани и 47 години на естрада. Во однос на сето она што ми го дал Бог, би било целосно мазохистички да се навратам на лошото. Не практикувам навраќање низ времето, не ми се допаѓа и немам време да го правам тоа. Јас и Мирољуб постојано сме во акција, млади сме во душа“, истакан Брунцлик.

Минатото на Зорица Брунцлик беше бурно, како девојче беше сиромашна, потоа сама се бореше за своите деца, а сето тоа ја зацврсти и ја направи голема ѕвезда и вистински човек, чии желби денес се многу скромни.

„Имав желба да се сретнам со патријархот Павле, но тој почина. Исто така, мојот сон беше да имам кабриолет „мерцедес“. Мојот сопруг сакаше да ми го купи, но токму во тоа време мајка ми почина, јас не се опоравив од тоа долго време и не возев. Сега сакам само да се разбудам наутро, фала му на Бога за тоа и што немам никакви болки“, откри Зорица.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.