Вашиот нов омилен ручек: Полнети раженчиња во сланина

Пригответе ги сами!

Наместо да купувате готови, направете раженчиња сами! Ќе бидат илјада пати повкусни!

Состојки:
  • 600 г пилешко бело месо
  • 200 г овчо сирење
  • 5 црвени пиперки
  • 200 г сланина во листови
  • црн пипер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Пилешкото бело месо се сече на помали шницли, се истенчуваат со толчник преку најлонско ќесе, се посолуваат и запиперуваат по желба.

2. Црвените пиперки се чистат од дршките и семките и се сечат на стапчиња. Овчото сирење исто така се сече на стапчиња.

3. На секоја истенчена шницла се нанесува по едно стапче сирење и пиперка, бочните страни се превиткуваат кон средината, па се витка во ролат.

4. Ролатите се обложуваат со листови сланина и нижат на стапчиња за раженчиња.

5. Во тава се загрева малку масло, па се спуштаат пилешките раженчиња, се поклопуваат и се пржат на умерена температура додека поруменат од долната страна. Потоа се вртат на другата страна, па се продолжува со печењето додека поруменат и од таа страна.

6. На маснотијата од месото се пропржува исечената пиперка и се послужува како прилог со готовото јадење.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.