Француски компир: Ваков немате пробано!

Деликатес!

Пригответе го како прилог или како главно јадење и нема да зажалите

Состојки:
  • 500 г компир
  • 3 варени јајца
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл млеко
  • 4 чешниња лук
  • кашкавал
  • сол и бибер
Приготвување:

Обилно премачкајте тепсија со масло. Компирот исечете го на листови, па посолете го, зачинете го со бибер и додајте малку масло. Промешајте.

На дното наредете половина од компирот, па исечете ги варените јајца на кругови и посолете ги. Одозгора наредете го другиот дел од компирите.

Во чинија скршете јајце, додајте јогурт, 30 мл масло и млеко, па добро измешајте. Прелејте го компирот и одозгора изрендајте кашкавал. Печете на 210 степени Целзиусови околу 50 мин.

Јадење што мириса на лето: Млади компирчиња со сенф и рузмарин
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.