Јадење што мириса на лето: Млади компирчиња со сенф и рузмарин

Вкусот на летото

Доаѓа сезоната на младите компирчиња, а овој рецепт ќе ве воодушеви

Состојки:
  • млад компир, количина по потреба
  • морска сол, по вкус
  • бибер, по вкус
  • маслиново масло
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица мед
  • рузмарин
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Измијте ги компирите и исушете ги, а плехот обложете го со хартија за печење.

Компирите пресечете ги на половина (ако се поситни) или на четвртини (ако се покрупни), ставете ги во плехот, посолете ги и зачинете ги со бибер. Од гранчето, извадете ги игличките рузмарин, исечкајте ги ситно и посипете ги врз компирите. Во посебна чинија измешајте сенф, мед и маслиново масло и сипете ја таа смеса врз компири, а потоа, сето тоа добро измешајте го (најдобро со раце за да се нанесе смесата рамномерно).

Компирот ставете го во рерна и печете околу 45 минути (зависи од јачината на рерната). По 25 минути, промешајте го малку компирот и вратете го во рерна.

Готовиот компир послужете го додека е топол како прилог со пилешко, бифтек или јунешко.

Добар апетит!

Млади компирчиња во сусам: Однадвор крцкави, однатре меки како путер!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.