Виртуелен филмски фестивал ги спојува Кан, Венеција, Берлин…

Дваесет филмски фестивали, вклучувајќи ги Кан, Венеција, Берлин и Торонто, ќе учествуваат во виртуелна манифестација која ќе ви овозможи бесплатно гледање филмови на Јутјуб, објави Американскиот фестивал „Трибека”.

Фестивалот, насловен „Сите сме едно: Глобален филмски фестивал“ (YouTube.com/WeAreOne), ќе се одржи од 29 мај до 7 јуни и ќе може да се гледаат играни филмови, кратки филмови, документарци и музика, како и тркалезни маси.

Точната програма сè уште не е објавена, а организаторите велат дека понудената содржина ќе биде мешавина од нови и стари филмови.

Канскиот филмски фестивал, закажан за 12-23 мај, требаше да биде одложен до крајот на јуни, но француските власти, во меѓувреме, ги забранија сите обединувања до средината на јули. Организаторите тогаш посочија дека Канскиот филмски фестивал може да се одржи во нова „форма“, без да дадат дополнителни детали.

Дел од приходите од фестивалот ќе бидат донирани на Светската здравствена организација и добротворни цели, објавија организаторите.

„Честопати зборуваме за улогата што филмовите можат да ја играат во инспирирање и приближување на луѓето преку граници за да го смират светот“, коментира директорката на „Трибека“, Џејн Розентал, додавајќи дека „целиот свет треба да се смири во ова време“.

Прочитајте и: Евровизија тек следната година, Ротердам ќе биде домаќин

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.