Евровизија тек следната година, Ротердам ќе биде домаќин

Холандскиот град Ротердам се согласи да биде домаќин на Евросонг во 2021 година, откако годинашниот конкурс за најдобра песна на Европа беше откажан поради пандемија на коронавирусот.

Организаторите објавија во март дека годинашната Евровизија не може да се одржи во Ротердам во мај заради пандемијата на Ковид-19.

Градското собрание на Ротердам одлучи да ги покрие трошоците од 6,7 милиони евра поради откажувањето на Евровизија 2020.

Евровизијата беше планирана од 12 до 16 мај. Организаторите на натпреварот, Европската унија за радиодифузија (ЕБУ), се обидоа да најдат друго решение, но не успеаја.

Арената „Ротердам Ахој”, каде што требаше да се одржи, во моментов е пренаменета за пациенти од коронавирусот.

Телевизиската куќа и арената „можат да сметаат на Ротердам како град домаќин“, рече Самит Касми, градскиот советник задолжен за култура.

Прочитајте и: Нема Евровизија, но изведувачите сакаат да ја обединат Европа

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.