Мора да го имате овој цвет во вашата градина летово: Нема човек кому не му се допаѓа ова „ноќно небо“!

Нереално убав

Цветот што освојува со својата нереална убавина ќе ја украси секоја градина

Најпопуларната билка за одгледување на балконите и во дворовите е петунијата. Овој цвет е многу лесен за одржување, добро поднесува жештина и цути цело лето.

Досега веќе имаме видено петунии во виолетова боја, но овој вид познат како „ноќно небо“ едноставно маѓепсува!

https://www.instagram.com/p/BzgvIoPny_X/?utm_source=ig_embed

Петуниите се едногодишни билки кои цутат до првите мразови. Петунијата „ноќно небо“ обично цути првите летни денови и трае до доцна есен.

Петунијата треба да се сади на место каде што има најмалку 6 часа директна сончева светлина. Во спротивно, може да се случи вашата петунија послабо да цути.

https://www.instagram.com/p/B9N5c-JpDfu/?utm_source=ig_embed

Петунијата добро поднесува суша. Треба да се полева, но земјиштето мора да биде добро дренирано, односно пропустливо. Полевајте ги секој ден во текот на летните денови.

Бидејќи им треба многу енергија за да цутат секојдневно, погрижете се да ги храните со течно ѓубриво. Редовно кинете ги прецутените цветови за да може петунијата да се обновува и цути, но и да изгледа убаво.

Цвеќе што обожава ладовина: 5 раскошни билки за балкон и градина без сонце!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.