Фановите се прашуваат што ѝ се случило: Најубавата актерка во Холивуд денес не личи на себе!

Непрепознатлива

Никој не можел да ја препознае актерката

Пет пати е прогласувана за најубава жена на светот, а денес нема ни трага од таа убавица. Периодот на изолација изгледа влијаел и врз Џулија Робертс, па во последно време можеме да ја видиме во потполно опуштени изданија.

Без ронка шминка, со несредена коса и лежерна облека, таа била фотографирана на улиците во Лос Анџелес на прошетка и малку е да се каже дека не личи на себе.

Нејзината насмевка по која е препознатлива, овој пат не можела да се види на нејзиното лице. Со оглед на тоа што сме навикнати да ја гледаме тип-топ средена, ова издание нѐ изненади, но и нејзините фанови се запрашале што ѝ се случило.

Неколкумина од нив прокоментирале дека изгледа тажно и замислено, а на социјалните мрежи може да се прочитаат и коментари во кои ја критикуваат поради запуштениот изглед.

„Една голема ѕвезда не смее да си дозволи да излезе од дома ваква“, гласи коментарот на еден обожавател.

Прво јавно појавување на Џулија Робертс откако го избрка сопругот од домот – Никогаш не изгледала полошо

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.