Торта банана-сплит: Непобедлив десерт што сите го обожаваат!

Брзо приготвување, лесен вкус

Омилениот колач на сите генерации

Состојки:

За кората:

  • 7 белки
  • 7 лажици шеќер
  • 2 лажици какао
  • 10 лажици ореви
  • 3 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво

За филот:

  • 7 жолчки
  • 700 мл млеко
  • 2 пудинга од банана
  • 4 банани
  • 30 г чоколадни трошки
  • 250 г маргарин
  • 8 лажици шеќер

За декорација:

  • 3 кесички крем-шлаг
  • 250 мл млеко
  • 100 г чоколадо
  • 1 лажица масло
Приготвување:

За кората, добро изматете белки, додајте шеќер и изматете уште малку. Брашното измешајте го со какао, ореви, прашок за печиво, па полека додајте ги изматените белки. Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете голем плех со хартија за печење, па сипете ја изматената смеса и испечете пандишпан. Кога ќе се олади, пресечете го на половина во должина.

За филот, ставете 600 мл млеко на шпорет со шеќер да зоврие. Изматете ги жолчките, па додајте го остатокот од млекот, изматете и додајте пудинг од банана. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од оган и полека додајте ги жолчките со пудингот, постојано мешајќи. Вратете го на тивок оган и варете го додека се згусне. Во оладениот фил додајте изматен маргарин и чоколадни трошки.

Премачкајте ја кората со половина од филот, наредете банани, па повторно премачкајте со фил, па одозгора ставете ја другата половина од кората. Изматете шлаг со млеко и декорирајте ја тортата, а одозгора прелејте ја со стопено чоколадо.

Запрено производството на луксузната сахер-торта: Направете ја сами!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.