Запрено производството на луксузната сахер-торта: Направете ја сами!

Рецепт за омилената чоколадна торта во светот

Австрискиот хотел „Сахер“, познат во светот по своите оригинални „сахер-торти”, поради корона-пандемијата веќе не го произведува својот сладок заштитен знак – една од поомилените „туристички атракции“ во Виена.

Производството засега е сведено на нула. Шефот на кујната на „Сахер”, Матијас Винклер, вели дека не е исплатливо да се прават торти само за неколку продадени парчиња на ден.

Се работи за луксузен производ, кој не е приоритет во време на криза. А за високата гастрономија и хотелиерството, сега е неопходно да се задржат обучените соработници“, нагласи тој.

Инаку, легендата за „сахер-тортата“ датира од 1832 година, кога младиот готвач Франц Сахер во Виена, по наредба на канцеларот Матерних, морал да приготви некој посебен десерт за средбата со сите европски дипломати. Тој експериментирал со состојките и успеал да направи една од најпознатите торти на светот.

Сахер-тортата се смета за еден од најпознатите кулинарски специјалитети на Виена, а оригиналниот рецепт е најстрого чувана тајна. Сепак, ви пренесуваме рецепт за вкусната чоколадна торта, кој е најблизок до оригиналниот.

Состојки:
8 јајца
140 г путер
150 г шеќер
10 г ванилин шеќер
160 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
200 г чоколада за готвење

Фил:
400 г мармалад од кајсии

Глазура:
130 г чоколада за готвење
4 лажици масло

Приготвување:
1. Чоколадото се топи на пареа, а потоа се оделуваат жолчките од белките.
2. Во сад за матење ставете ги белките и додајте прстофат сол. Белките пенесто изматете ги.
3. Во друг сад ставете ги путерот, шеќерот, ванилиниот шеќер и изматете ги. Во садот постепено
додајте ги жолчлите една по една и матете додека се добие хомогена смеса.
4. Во садот со жолчките додајте го растопеното чоколадо и кратко изматете, а потоа додајте ги
белките и измешајте ги со жица или лажица. Во садот со јајцата додајте ги брашното и печивото, па
повторно измешајте за да се изедначи смесата.
5. Смесата ставете ја во подмачкан и набрашен тркалезен калап (26 см).
6. Колачот ставете го да се пече во загреена рерна на 170-180 степени, за време од 40-45 минути.
7. Печената торта оставете ја да лади во калапот околу 15-20 минути, а потоа извадете ја, превртете
ја и оставете ја да се излади целосно.
8. Изладениот колач поделете го на половина.
9. Загрејте го мармаладот и премачкајте ја едната половина, ставете ја другата половина и
премачкајте ја целата торта.
10. Тортата оставете ја во фрижидер 30-тина минути.
11. Во меѓувреме подгответе ја глазурата. Чоколадото растопете го на пареа со заедно со маслото и
премачкајте ја целата торта. Подготвената сахер-торта ставете ја во фрижидер за да се стегне
чоколадото.
12. Послужете ја со изматен шлаг.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.