Жителите на популарната париска улица конечно здивнаа: Сега јадат во мир
Карантинот ги спаси!
Бадијала се обраќаа жителите на париската улица Кремиус до гратските власти со молба да се постави порта на нивната улица за да се одбранат од многубројните истаграмџии кои ги претворија нивните животи во пекол… Тоа никогаш не се случи.
Најлошо им било за време на викендите и во вечерните часови, кога доаѓале орди на туристи за да го снимат зајдисонцето. Притоа, тие позираат под прозорците сè додека не снимат совршен кадар, а тоа може да потрае.
Причината за големата атрактивност на улицата Кремиус се куќите со карактеристични, пастелни бои, што ги прават да изгледаат како своевидни бонбони. Улицата ги инспирира фотографиите да се облекуваат во складни бои, да вежбаат или да прават јога за да снимаат кадри што ќе донесат што повеќе лајкови.
Не можеме ни да јадеме во мир затоа што постојано се снимаат видеоспотови или нешто се слави, па слушаме врева со часови. Искрено кажано, сите овие настани нè исцрпуваат”, се пожали еден од жителите на славната париска улица.
И додека градските власти ги игнорираа молбите затоа што станува збор за јавна површина и не може да им го ограничат пристапот на туристите, карантинот поради пандемијата на коронавирусот им го обезбеди неопходниот мир на нејзините жители. Сега можат барем да земат малку здив и да јадат во мир.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм