Поради овој сок Новак Ѓоковиќ секогаш е здрав: Секое утро прво го пие ова!

Пробајте!

Утринска навика на Новак Ѓоковиќ која мора да ја ископирате

На својот инстаграм-профил, Новак Ѓоковиќ ја споделил утринската навика на неговото семејство.

„Добро утро на сите. Вака јас го започнувам секој мој ден. Најпрво пијам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа, отворам фрижидер, каде што чувам зелени стебленца целер. Ги ставам во соковник за ладно цедење за да добијам сок од целер“, вели Новак.

Според него, најдобриот начин да се започне денот е да се испие овој сок на празен стомак.

„Овој сок е полн со минерали, соли и сѐ уште неоткриени елементи кои го чистат вашиот црн дроб. Прави чуда, како за мене и мојата сопруга, така и за нашите деца. Сепак, тие не го пијат чист, туку со додаток на сок од краставици или јаболка“, открил Новак.

Придобивки од сок од целер:
  • го намалува ризикот од Алцхајмерова болест
  • го снижува крвниот притисок
  • го снижува лошиот холестерол
  • ги ублажува воспалителните процеси во телото
  • богат е со витамин К
  • го намалува ризикот од појава на рак
  • го подобрува имунитетот
  • поволно влијае врз кожата
  • добар е за дигестијата
  • го ублажува менструалниот циклус
  • помага за слабеење
  • го подобрува сексуалниот нагон
  • одличен е како алтернатива за антидепресиви
Како да направите сок од целер?

Исечкајте стебленца целер на коцки, ставете ги во блендер со вода и сомелете ги. Потоа, исцедете и испијте.

Напивки што ќе ви помогнат да ги стопите килограмите наталожени во карантинот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.