Корисни совети за безбеден шопинг за време на пандемијата на коронавирусот

Добро е да се знае

Во согласност со уредбата на нашата влада, од 23 април стана задолжително носењето маска или друг вид на прекривка за носот и устата (марама, шал и слично) во затворени простории, вклучувајќи ги и маркетите и аптеките.

За да ја избегнете опасноста од инфицирање со коронавирусот додека сте во набавка на потребните намирници и производи за домаќинството, следете ги следниве совети, кои ќе ви го олеснат купувањето.

Основна мерка за заштита е одржување физичко растојание од 2 метри од другите купувачи.

Секогаш избирајте да пазарувате во малите, локални продавници, во кои најчесто, поради малата квадратура на дуќанот, муштериите пазаруваат еден по еден.

Кога купувате, бидете разумни и солидарни. Не создавајте непотребни резерви на храна, козметика, средства за чистење и други производи. Купете онолку колку што ви е потребно до следното пазарување.

Ако со себе носите влажни марамчиња со дезинфекциско средство, избришете ја рачката на количката или корпата со која сте пазарувале пред да ја оставите за следниот муштерија.

Не фаќајте ги сите производи на полиците, одберете од око.

Бидете љубезни кон вработените и подгответе пари или кредитна картичка пред да дојдете на ред за плаќање, за да го забрзате процесот. Покажете почитување, но не им го одземајте времето со разговор.

За крај, кога ќе дојдете дома внимателно измијте ги рацете со вода и сапун, проветрејте ја облеката, дезинфикувајте ги површените со кои сте биле во контакт, вклучувајќи ги и паричникот, картичката, чантата.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.