Туристите на Малдиви можат од 15 јули!

Малдивите повторно ќе примат туристи од 15 јули, по ограничувањата воведени поради пандемијата на коронавирус.

Во обраќањето пред медиумите, претседателот на Малдиви, Ибрахим Солих, потврди дека овој тропски рај ќе прими туристи, и дека нема да мора да бидат тестирани за коронавирус пред пристигнувањето.

Туризмот е еден од најважните извори на приход на Малдиви, а доаѓањето на туристите беше забрането во март за да се спречи ширењето на вирусот.

Околу 340.000 луѓе живеат на Малдиви, а нешто повеќе од 2.000 позитивни случаи се пријавени од почетокот на пандемијата.

Прочитајте и: Најмистериозниот народ на светот: Никој не знае од каде потекнуваат, а еве како се штителе од болести и од зли духови!

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.