Млади компирчиња во сусам: Однадвор крцкави, однатре меки како путер!
Одлично одат со пиво и филм
Време е за млади компирчиња – уживајте во нивниот прекрасен вкус
Состојки:
- 700 грама млади компири
- 2 јајца
- 2-3 лажици брашно
- зачин или сол
- лук
- масло
- сусам
Приготвување:
Исечете ги компирите на резанки, додајте зачини, масло и лук. Секој компир извалајте го во брашно, па во изматени јајца. Обложете го плехот со хартија за печење. Наредете ги компирите и наросете ги обилно со сусам. Печете ги на 220 степени Целзиусови околу 40-50 минути.