Машки ручек: Потпечен спанаќ од рерна

Калорично, а здраво!

Пробајте го спанаќот приготвен на овој начин

Состојки:
  • ½ килограм спанаќ
  • 1-3 врзопи млад кромид
  • 200 милилитри млеко
  • 1 лажица кисела павлака
  • 200 грама сирење
  • 3-4 чешниња лук
  • 3 јајца
  • масло
  • сол
  • бибер
  • зачини
  • малку кашкавал
Приготвување:

На масло пропржете го сечканиот млад кромид, па додајте го сечканиот лук и сечканиот спанаќ. Пропржете го за да испари течноста. Тргнете од рингла, додајте малку зачини, сол и бибер. Издробете го сирењето со виљушка, додајте павлака и млеко, па измешајте.

Кога ќе се излади спанаќот, додајте сирење со јајца и измешајте. Подмачкајте плех со масло, па ставете го спанаќот. Наросете со рендан кашкавал и печете околу 35 минути на 200 степени Целзиусови, ако треба и подолго за да испари целата течност. Пред крајот, ставете едно јајце во средина.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.