Време е за подарок: Vichy Neovadiol на подарок за 1 читателка!

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Септима“ подарува крем за нега на зрела кожа Neovadiol, Vichy и несесер за козметика Vichy.

За да ги задоволат потребите на зрелата кожа, лабораториите „Виши“ активните состојки за реконструкција на ткивата ги здружија со новата генерација на витални масла за регенерирање.

Покрај нивните хранливи својства, тие исто така ја забрзуваат реконструкцијата на кожата благодарение на нивното исклучително богатство со омега 3, 6 и 9 масни киселини.

Избрани се заради нивните навистина позитивни својства на нега: ја смируваат, обновуваат, ревитализираат и штитат кожата, која на тој начин е во можност да ја врати целата своја виталност.

Се нанесува на лицето секој ден, наутро и навечер. Хипоалергената формула е тестирана под дерматолошки надзор, а збогатена е и со термалната вода Виши, која има смирувачко и зајакнувачко дејство врз кожата.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата.

Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува кон крај на јули.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.