Сè што би требало да знаете за забрзаната срцева работа – тахикардија

Ѕидовите на левата срцева комора кај жените се потенки и поеластични отколку кај мажите, и токму затоа покачениот артериски притисок не е толку опасен за припадничките на поубавиот пол.

Секој од нас барем еднаш во животот почувствувал срцебиење. Тоа е особено изразено при физички напор, емоционална возбуда, ненадејни шокови, исчекување на нешто важно, стрес, вознемиреност. Сѐ што е наведено може да се вброи во физиолошки состојби, кои обично престануваат по прекинот на иритацијата.

Најчесто се користи терминот синусна тахикардија (синусниот јазол се наоѓа во десната преткомора и таму започнува срцевиот ритам), додека фреквенцијата означува зачестеност на оваа појава, која има свои физиолошки граници, што е од 60 до 100 отчукувања во минута.

Сè што надминува 100 отчукувања (а да не станува збор за наведените физиолошки состојби) припаѓа на патолошка состојба и се смета за нарушување на срцевиот ритам, кое може да биде краткорочно и долгорочно. (Исклучок мора да се направи кај луѓе со мал раст, особено жени, кај и децата, чие срце постојано работи забрзано.)

Овие нарушувања најчесто се случуваат во преткоморите и професионално се нарекуваат атријална фибрилација. Тоа влијае на 1-2% од луѓето, додека кај постарите лица тој процент е 12.

Она што е патолошко не престанува толку лесно, а може да биде предизвикано од висока температура, инфекции, анемија, ниско ниво на железо, зголемена активност на тироидната жлезда, опуштње на срцевиот мускул и вирусно воспаление на срцето (вирусот коксаки), потоа намален проток на крв, дехидратација. Исто така, луѓето што доживеале миокарден инфаркт може да доживеат пад на артерискиот крвен притисок и зголемување на отчукувањата на срцето.

Ова се случува и кај оние што често и прекумерно користат алкохол, кофеин и никотин.

Кога ќе се открие причината за тахикардијата, потребно е лекување. Пред конечната дијагноза, потребно е да се утврди зошто температурата е висока, што предизвикува анемија, да се направат ултразвук и сцинтиграфија на тироидната жлезда со контраст и да се одредат нејзините хормони (во случај на хипертироидизам, се воведува терапија), за време на инфекцијата се вклучуваат антибиотици…, а најважната е анамнезата.

Исто така, треба да се извршат лабораториски анализи, ЕКГ и ултразвук на срцето, холтер-мониторинг.

Кога станува збор за тахикардија предизвикана од патологија, лекарот може да пропише бета-блокатори и да ги утврди нивната доза и должина на употреба, додека седативи може да се користат кога срцето чука предизвикано од физиолошки причини.

Текст: Руски доктор

Фото: Pixabay, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.