Летна формула против стареење: заштита + хидратација + смирувачка нега

Сите производи AFRODITA SUN CARE се дерматолошки тестирани и формулирани со хипоалерген парфем, кој ја намалува можноста за појава на алергии

Редовно применувајте го ова козметичко правило, затоа што само на тој начин ќе го зачувате здравиот и младешки изглед на кожата. А во тоа нека ви асистираат производите AFRODITA SUN CARE!

Спречете го фотостареењето!

Истражувањата покажуваат дека повеќе од 80% од предвременото стареење на кожата е предизвикано од сонцето, односно од прекумерното изложување на неговите ултравиолетови зраци, како и на светлината од вештачките извори (телефонот, компјутерскиот монитор…), а се декларира како фотостареење.

Бидејќи поттикнува лачење меланин, сончевата светлина често е главен виновник за појава на хиперпигментација. Штетните ултравиолетови зраци не само што се најчест причинител на темните дамки туку ја зголемуваат и видливоста на постојните пигментации.

Токму затоа, најважен чекор во спречувањето на фотостареењето, појавата на хиперпигментација и влошување на состојбата на постојните дамки е соодветната заштита од штетните сончеви зраци.

Млекото за заштита од сонце AFRODITA SUN CARE со СПФ 30 се темели на водоотпорна формула, која обезбедува висока и постојана заштита од штетните УВА и УВБ-зраци, дури и при спортување на вода. Со додадената состојка – алое вера – овозможува едноставно нанесување и на влажна кожа, брзо се впива и не остава мрсна трага. Лесната и немрсна текстура брзо се впива и остава пријатен мирис на кокос на кожата. Производот е дерматолошки тестиран и не содржи парабени и парафин.

Освежете ги лицето и телото

Освен што предизвикува фотостареењето и појава на хиперпигментации, сонцето ја суши кожата поради што доаѓа до појава на знаците на предвременото стареење на лицето, како и лупење и затегање на кожата на телото.

За да го избегнете ова сценарио, неопходно ви е секој ден да ја хидрирате кожата – и кога престојувате на сонце – па тоа нека ви стане навика.

Затоа, ОСВЕЖУВАЧКИОТ ТОНИК ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО AFRODITA SUMMER JOY секогаш нека ви биде при рака! Мирисот на мармалад ќе ви ги разбуди сетилата додека минералната вода ви ја „гаси жедта“ на кожата, смирувајќи ја и плискајќи ја со свежината на бранот. Тоникот ни доаѓа во амбалажа од рециклирана пластика, која одново може да се рециклира.

Грижете се за кожата по сончањето

Сонцето, хлорираната и морската вода можат да ја надразнат кожата, поради што – по ден поминат под сонцето, на плажа или базен – неопходна ѝ е хидратантна и смирувачка нега.

Како свежо исцеден сок од листови алое вера барбаденсис, гелот за смирување на кожата AFRODITA ALOE VERA JELLY, со 97% природни состојки, е совршен за летна нега!

Го поттикнува процесот на обновување на клетките на кожата и, по само едно нанесување, значително ја подобрува нејзината хидрираност.

Поволен е за ублажување на тегобите по убоди од инсекти и за нега на кожата по депилација и бричење.

ТЕКСТ: ПР ФОТО: GULIVER/GETTY IMAGES, ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.