Вечера за утеха по напорниот ден: Лазањи од леб, готови за 15 минути!

Пробајте!

Утешна вечера со која можете да го завршите стресниот и напорен ден

Состојки:
  • 3 јајца
  • 300 г ситно сирење
  • 30 мл масло
  • 2 дл јогурт
  • половина прашок за печиво
  • малку сол
  • леб за тост
  • шунка
  • 200 г кашкавал
  • оригано
Приготвување:

Изматете јајца, сирење, масло, јогурт, прашок за печиво и малку сол. Во оваа смеса извалајте го секое парче од лебот, па наредете ги во огноотпорен сад. Кога ќе го покриете дното, врз тоа наредете листови шунка, а врз нив кашкавал. Потоа, ставете уште еден слој леб натопен во сирење со јајца, па озгора наредете кашкавал и остатокот од смесата од сирење и јајца. Наросете со оригано и печете во рерна 15 минути на 200 степени. Добар апетит!

ФОТО: Youtube/ Printscreen

Не сакате да фрлате храна? Искористете го стариот леб и направете вкусна пита!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.