Искористете го стариот леб и направете вкусна пита!

Не го фрлајте!

Пита што ќе ве изненади со својот вкус

Состојки:
  • 150 г спанаќ
  • 1 главица црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 120 г гауда
  • 50 г пармезан
  • 1 лажиче сенф
  • 4 јајца
  • 400 мл млеко
  • 30 мл масло
  • 2 лажици павлака
  • 500 г бајат леб
  • 1/2 прашок за печиво
  • црн пипер
  • сол
  • лен

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, лукот се сечка што поситно. Спанаќот се чисти.

2. На малку масло се пржат лукот и кромидот, а потоа се додава спанаќот и се пржи додека омекне.

3. Лебот се сече на покрупни коцки, па се додава во смесата од спанаќ. Во сето тоа се додаваат пармезанот и ренданата гауда, па се промешува и се префрла во намрсен огноотпорен сад.

4. Посебно се матат јајцата со сенфот, павлаката, млекото и маслото, па се додаваат прашокот за печиво и зачини по желба. Смесата се прелева преку состојките во садот и малку се промешува, се прекрива со фолија и се остава во фрижидер да отстои 120 минути.

5. Потоа се пече во рерна загреана на 200°Ц, додека порумени.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.