Чарлс може да биде крал, но Камила не може да биде кралица

Залудно се надева

Принцот Чарлс кралскиот трон го чека веќе 71 година и во историјата дефинитивно е единствениот наследник кој толку долго ја чекал кралската титула. Нема ништо од шушкањата дека кралицата Елизабета Втора ќе се „пензионира“ и него ќе го назначи за принц регент, што значи дека сè уште ќе мора да чека.

Резиденцијата на принцот Чарлс и Камила Паркер денес потврди дека војвотката Камила нема да стане кралица придружничка кога Чарлс ќе стане крал.

Оттаму само ја потврдија одлуката која на сила стапи во 2005 година кога таа се венча со Чарлс. Таа место кралица придружничка, ќе стане принцеза придружничка.

Камила е принцеза од Велс, но таа титула не ја користи, бидејќи ѝ припаѓаше на Дајана и кралскиот дворец сметал дека со таа титула Камила само би имала лош имиџ во јавноста.

Се претпоставува дека следна англиска кралица, по смртта на Елизабета, ќе биде Кејт Мидлтон, на која по смртта на кралицата треба да ѝ припадне и титулата принцеза од Велс.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.