Вознемирувачко: Објавено видеото од убиството на актерката (ВИДЕО)

Поради лажниот пиштол, застрелана е од полицијата во својот дом

Ванеса Меркез (47) е убиена е во 2018 година во својот дом од страна на полицијата.

Ја застрелал еден од полицајците за време на проверката во куќата во Калифорнија, во која живеела, пишува ABC.

Profimedia

Две години подоцна исплива застрашувачка снимка од моментот кога полицијата пука во глумицата, позната по улогата на медицинска сестра во ТВ-серијата „Итна помош“.

Полицијата и Брзата помош се одзвале на повикот на сопственикот на куќата во која живеела Маркез, бидејќи наводно ѝ била потребна лекарска помош.

На снимката која сега исплива во јавност јасно се гледа моментот кога таа вади пиштол реплика и вика:

Убијте ме, убијте ме!“

Снимката од камерата што ја носел еден од полцајците покажува дека кога влегле во нејзината спална соба ја пронашле како лежи на креветот затрупана со предмети.

Се слуша гласот на полицаецот или докторот кој зборува:

Ванеса, сите се загрижена за тебе и за твојата безбедност, нè повикаа да провериме како си.“

Profimedia

Таа одговорила дека има напади, но не сакала со нив да отиде во болница, викала дека не сака да оди и ги зграпчила ножиците, а потоа го извлекла пиштолот.

Полицаецот почнал да вика:

Чекај, чекај, таа има пиштол! Пиштол!“

Ванеса не ги послушала и наводно почнала да нишани кон нив. Полицајците наводно испукале осум куршуми, од кои два ја погодиле и таа починала во болница.

Подоцна се испоставило дека пиштолот што го држела Ванеса бил лажен.

Фото и видео: Јутјуб

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.