Султанска сарма: Колач од којшто секој ќе ви бара репете!

Одличен десерт

Ќе ви се пријаде веднаш штом ќе го прочитате рецептот

Состојки:
  • 1 л млеко
  • 1 шолја брашно
  • 1,5 шолја густин
  • 2 шолји шеќер
  • 2 полни лажици какао
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 50 г маргарин
  • 100 г кокос
  • 100-150 мл слатка павлака или 100 г шлаг
Приготвување:

1. Измешајте ги густинот, брашното, шеќерот, какаото, ванилиниот шеќер и 250-300 мл млеко. Остатокот ставете го да зоврие.

2. Кога млекото ќе зоврие, сварете ја смесата и мешајте.

3. Во голем плех посипете кокос и рамномерно распоредете го насекаде, па протресете ја тепсијата. Врз кокосот сипете го сварениот пудинг. Сипете го насекаде, врз целата тепсија. Кога ќе го распоредите рамномерно насекаде, оставете го да се олади, па ставете го 30 минути во фрижидер.

4. Изматете ја слатката павлака или шлагот (изматен со кисела вода), па премачкајте ја врз пудингот.

5. Пресечете парчиња со правоаголна форма, па завиткајте го секое парче. Секоја „сарма“ извалајте ја уште малку во кокосот што е на дното и посипете уште кокос, по желба. Чувајте го десертот во фрижидер до послужување или послужете го веднаш.

Лудило колач со три фила од една смеса: Десерт број 1!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.