Лудило колач со три фила од една смеса: Десерт број 1!

Врвен вкус

Познатата бинго-торта се трансформира во највкусниот колач на светот

Состојки:

За кората:

  • 4 цели јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици масло
  • 1 лажица какао
  • 4 лажици брашно
  • 5 г или пола кесичка прашок за печиво

За филот:

  • 750 мл млеко
  • 2 пудинга со вкус на ванила
  • 1 лажица брашно
  • 150 г кристален шеќер
  • 250 г маргарин или путер
  • 80 г чоколадо
  • 80 г мелени бисквити
  • 2 пакувања (300 г) петит-кекес
  • сок од портокал за да се прелие кората и да се потопи бисквитот (може и млеко)
Приготвување:

Разматете ги пудингот од ванила, шеќерот и лажицата брашно со малку ладно млеко, а остатокот од млекото ставете го на средна температура да проврие. Сварете го пудингот, па мешајте додека се згусне. Тргнете го од оган, промешајте го уште малку, па ставете кеса или фолија преку пудингот и оставете го да се лади. За кората, вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.

Изматете ги белките со шеќерот, па додајте ги жолчките и маслото и изматете. На крај, додајте брашно, какао и прашок за печиво и сето тоа соединете го. Во плех со димензии 32х23 см или со приближни димензии, ставете хартија за печење, па сипете ја смесата за кората. Ставете ја да се пече околу 20 минути, зависно од рерната. Печената кора исто така треба да се олади.

Изматете ги путерот или маргаринот, изматете го пудингот, па додајте му путер и сето тоа заедно изматете го. Стопете го чоколадото. Поделете го филот на 3 дела, па во едниот додајте мелени бисквити, во другиот стопено чоколадо и измешајте, а во третиот останува ванилата.

Попрскајте ја кората со сок од портокал, премачкајте ја со филот од бисквити, потопете бисквити во сок, па редете ги наопаку врз филот, премачкајте со чоколаден крем, потопете бисквити во сок, па редете ги врз филот, а одозгора ставете крем од ванила.

Прелејте го сето тоа со глазура од чоколадо и 3 лажици масло, кое сте го стопиле на тивок оган. Оставете го колачот да се стегне.

Пред послужување, 15 минути извадете го од фрижидер и оставете го да отстои за да не ви пука чоколадото при сечењето. Добар апетит!

Фантазија од колач: Сите ќе ви го бараат рецептот за овој сочен и неодолив десерт!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.