Фантазија од колач: Сите ќе ви го бараат рецептот за овој сочен и неодолив десерт!

Нема да можете да изедете само едно парче

Не сте пробале повкусен колач

Состојки:

За кората:

  • 6 јајца
  • 6 лажици масло
  • 150 г шеќер
  • 150 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 12 г прашок за печиво
  • 30 г какао

За филот од чоколадо:

  • 200 г чоколадо за готвење
  • 50 г маргарин
  • 125 г свежо сирење
  • 250 мл слатка павлака

За филот од костени:

  • 250 г костен-пире
  • 50 г маргарин
  • 125 г свежо сирење
  • 2 лажици рум
  • 250 мл слатка павлака

За декорација:

  • 200 мл слатка павлака

Приготвување:

1. Прво се приготвува кората. Се раздвојуваат белките од жолчките, па белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи го шеќерот. Се додаваат жолчките, една по една, со непрекинато матење. Се ставаат маслото, екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, какаото и прашокот за печиво.

2. Плех со димензии 30 х 36 см се обложува со хартија за печење, па во него се става приготвената смеса. Се пече во загреана рерна, на 180°Ц, околу 15 минути.

3. За приготвување на темниот фил, чоколадото се топи на пареа, па се додава маргаринот и се поврзува. Се става свежото сирење. Слатката павлака се мати со миксер, па внимателно се додава во смесата.

4. За приготвување на светлиот фил, костен-пирето се мати со маргаринот и румот. Се додаваат сирењето и шлагот од слатка павлака.

5. Оладената кора се премачкува со филот од чоколадо, па горе се нанесува филот од костен.

6. Колачот се декорира со шлаг од слатка павлака по желба.

Извор: Добра храна

Десерт што изобилува со вкусови: Пригответе колач со афион и бисквити
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.