Џеј Ло има нова фризура: Си направила модерни кркми што трендсетерките ги обожаваат!

Стојат на секоја форма на лице

Фото: Getty Images

Џеј Ло има нова фризура – кркми во форма на завеса што трендсетерките ја обожаваат

Џенифер Лопез (51) се одлучила за промена на фризурата, а како сега изгледа латино-дивата, покажал нејзиниот фризер Крис Аплетон на Инстаграм.

Тој минатата недела објавил фотографија од Џеј Ло со кркми. Станува збор за таканаречените „завеса-кркми“, идеални за сите дами што размислуваат да пуштат кркми, но не се доволно храбри да ги потстрижат на класичниот начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1)

Овие кркми се дискретни, а фризерите велат дека оваа фризура е идеална за овални лица, но добро стои и на тркалезна форма на лице, како и кај издолжените облици, бидејќи кркмите се стилизираат на страна.

„Едноставна е за одржување, но под услов косата да не е многу кадрава и брановидна“, велат фризерите додавајќи дека доволно е да ја исушите малку косата со фен.

Потоа, стилизирајте ја со голема четка за да биде косата совршено рамна. Ако мислите дека ваквата фризура ќе излезе од мода кога ќе се потстрижете, не грижете се, бидејќи фризерите им предвидуваат голема популарност на „завеса-кркмите“ во текот на цела година.

Нивната предност е тоа што се многу практични, па ако ви досади да ги носите со патец на средината, секогаш можете да ги наместите на страна.

Ваквите долги „завеса-кркми“ се многу едноставни за стилизирање токму поради должината што убаво го врамува лицето. Исто така, заслужни се и за нагласувањето на јаболчниците на образите.

Новата фризура на Шерон Стоун брише 10 години од лицето: Совршена е за жените во 50-те години!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.