Пристигнува крвава месечина и носи неверојатни космички промени: Најголемо влијание ќе има врз овие 4 хороскопски знаци!

Астрологија

Подгответе се за турбулентен период

Полна месечина ќе го осветли небото на 26 мај и ќе биде во знакот Стрелец. Воедно ќе се случи и помрачување на месечината. Еве што можеме да очекуваме: засилени емоции, духовно преиспитување, сеќавање, поранешни и моментални љубови, длабоки емоции, преиспитување на сопствените ставови, принципи…

Ќе имаме желба да промениме нешто, а најмногу ќе има алармирани емоции. Полната месечина секогаш придонесува за тоа да се прелеат емоциите, така што речиси сите ќе имаме силни и бурни емоции. Како што Стрелецот е вечен оптимист и работите ги гледа од поширока перспектива, така и нашите реакции ќе бидат големи, широки, бурни, и по малку филозофски, бидејќи Стрелецот е голем филозоф и така им пристапува на проблемите.

Ова помрачување и полната месечина се случуваат на петтиот степен на Стрелецот, така што сите хороскопски знаци што имаат некоја планета околу овој степен можат да очекуваат ураган од емоции што оваа полна месечина ќе ги исфрли на површина.

Што треба да направиме?

Да се ослободиме од сето она што нè блокира и на тој начин да создадеме проточна енергија, да ги прочистиме нашите тело, душа и мисли. Промените ќе се случуваат на разни нивоа, тензијата ќе биде голема, а ние ќе се чувствуваме несигурно и збркано. Се советува да го прифатиме оптимизмот на Стрелецот и да се впуштиме во реката емоции, бидејќи на крајот сè ќе биде така како што треба да биде.

Знаците што најмногу ќе ги почувствуваат оваа полна месечина и помрачувањето се: Стрелците, Девиците, Рибите и Близнаците. Еве што можат да очекуваат:

Стрелец

Ова помрачување се случува во вашето поле на партнерски односи, па добро би било малку да се воздржите емоционално, да не се залетувате и да не влегувате во конфликти. Сега сте многу чувствителни и по малку несигурни во себе, па од страв може да имате бурни реакции и да го исплашите партнерот.

Девица

Вам новостите ви се случуваат на поле на кариера, па можни се разни промени. Промена на работата на подобро, зголемување на заработката, но и караници, па и закани од надредените. Меркур е ретрограден, па многу е важно да ги филтрирате информациите и да не ги земате здраво за готово, бидејќи во спротивно, тие информации можат да ве вовлечат во конфликт со надредените.

Близнаци

Ќе ви биде активирана куќата на односите и на вашиот јавен живот. Никако немојте да седите на две столчиња, мислите и емоциите нека ви бидат прецизни и јасни и одбегнувајте двосмислени односи од секаков вид.

Риби

Не влегувајте во конфликт со семејството. Што се однесува до работата, имате две опции: напредок во кариерата и поголема плата или покренување сопствен бизнис.

Шест хороскопски знаци кои ќе ја запознаат својата вистинска љубов ова лето
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More